Снег на крајот од март: Еве каде вее низ Македонија во моментов
Интензивни снежни врнжи во моментов се регистрирани на Попова Шапка. Слаб снег провејува во Маврово, а слаби врнежи од снег помешани со дожд има на планинските превои Стража и Ѓавато.
Сообраќајот на патниот правец Скопје - Велес, по манастирите, поради одрон, се одвива по една коловозна лента во должина од 4-5 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
Според ЈП Македонија пат, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози.
Локалниот пат од Кратово до с.Каврак е прооден по една коловозна лента за патнички моторни возила, а за тешки товарни возила е забранет. Регионалниот пат Пробиштип - ХС Злетовица во с.Којково, Кратово, е пробиен и оспособен за сообраќај само за патнички моторни возила.
На патниот правец Р1205 Крупиште-Пробиштип кај с.Неокази, соопшти АМСМ, поради појава на вдлабнатина и попуштање на левата коловозна лента, гледано во правец кон Пробиштип-Крупиште, сообраќајот се одвива наизменично, само по десната коловозна лента.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - крак Маврово, каде е можна почеста појава на одрони.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа