Климовски: Опозицијата е фрустрирана поради неуспешниот обид за дестабилизација на државата

 

 

Тој што сам се нафатил да суди за вистината на еден народ ќе го доживее бродоломот од судот на тој истиот народ. Со оваа мисла професорот Сашо Климовски го започна своето обраќање на денешната трибина на ГДОМ во Домот на АРМ.

Има лица кои по некои медиуми упорно пуштаат креирани и монтирани материјали, иако тие се прибрани на незаконски и нелегален начин, посочи Климовски.

Тој смета дека кај СДСМ постои една политичка глувост и слепост за она што народот го мисли, за она што народот го чувствува и за она што народот сака да го види.

- Гледаме пародии на нивните портали и телевизии, пародии кои што се во серијал, но од нив можеме да видиме само една обична фрустрација поради неуспешниот обид за дестабилизација на државата. Може да се забележи една параноја и хистерија поради тоа што не го исполнија она што им беше дадено како задача од некои странски центри кои не и мислат добро на Македонија, рече Климовски.

Како правник, тој потенцираше дека нивните правни експерти не кажаа ниту еден збор за тоа дали активностите на опозицијата се легални или не.

-Има лустрирани експерти, правните експерти кои не кажа ниту еден збор дали активнсоти на опозициајта се легални или не се, ги нема затоа што тие добро знаат дека материјалите се собрани на криминален противзаконски начин, дека тој е монтиран, креиран, лепен и долепуван, за да создадат привид за нешто што не е така, а целта е луѓето да се испокараат меѓу себе и да се дезориентираат, смета Климовски.

Но, дезориентација, смета тој, постои само кај опозицијата.

-Тие се дезориентирани, еден ден зборат едно, еден ден друго, стигнати се на работ на бездната, бездната која се вика кривичен прогон, потенцираше на денешната трибина професорот Климовски.

Кривичниот законик, рече тој, предвидува дека сите материјали и докази собрани на противзаконит начин немаат правна валидност и дека врз основа на нив не може да се добие судски процес.

- Зошто најмногу е напаѓано обвинителството и судството, затоа што нивната цел е да си создадат алиби од тоа што е неизбежно, а тоа е кривичен прогон. Народот многу добро знае кои се СДСМ и затоа дел од нив денеска се лустрирани, народот во 9 изборни циклуси ги казни аферите за коишто народот ја плати цената и ги почувствува на своја кожа. Народот ќе ги кази и сега, ќе ги кази на следните избори кога и да се тие, истакна Климовски.

Тој посочи дека и лицата кои се директно вплеткани во креирањето и пуштањето на овие  материјали треба да бидат казнети. Не само Зоран Заев туку и неговите соработници и потпомагачи треба да бидат изнесени пред лицето на правдата и сите треба да одговараат за извршувањето на ова кривично дело.

 

 

Оцени ја веста

22.03.2015 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега