Тони Михајловски: Паднаа маските на предавниците

 

Актерот и водител Тони Михајловски на трибината на Граѓанското движење за одбрана на Македонија изјави дека паднаа маските на предавниците, на оние кои сакаат да убијат и уништат се што е Македонско.

-Тие стрлаат кон минатото, стрелаат кон секашниста, стрелаат кон Македонија, бидејќи најверојатно имаат друга алтернатива. Јас друга Македонија немам, јас сакам тука да живеам, сакам моите деца тука да жвиеат и ако даде Господ и моите внуци. Без разлика што и да прават, ние опстојуваме, затоа што сме храбри, затоа што имаме душа и ќе им плукнеме во лицето и ќе им порачеме да си заминат од Македонија, да си одберат друг народ доколку овој не им се допаѓа, порача Тони Михаловски кој воедно додаде:

- Паднаа нивните маски, паднаа маските на платениците, оние кои што сакаат да не уништат, оние кои што сакаат да не постоиме. Почитувани, тие се фрустрирани од својата немоќ. Тие немаат проиграми, немаат што да понудат, затоа сакаат да се убие и уништи се што е Македонско, потенцираше Михајловски кој на крајот додаде дека предавниците нема да успеат во нивните намери.

 

 

Оцени ја веста

22.03.2015 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега