Велиновска: Петоколонашите сакаат да ги срушат институциите и со сила да дојдат на власт

 

Овие кои вака ја исцртаа, ја исликаа и ја претставија Македонија во светот, за нив подобро е да ги нема, тие се за во канализација и таму ќе завршат, порача новинарката Мирка Велиновска на трибината на ГДОМ, алудирајќи на документарецот објавен на „Ал Џезира“ пред некоку дена.

Во тој документарец Македонија беше претставена во едно многу лошо издание од страна на платениците на СОРОС,  но и потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска.

-Овие што вака ја исцртаа, ја исликаа и ја претставија Македонија во светот, за нив подобро ќе беше да ги нема. Тие се за во канализација и таму ке завршат. Поинаку не може. Ова не е говорна омраза. Господата интервенционисти, бараат окупација на Македонија за одвнатре да не обезименат, да ни го изгорат домот, да не направат европски потстанари. Тоа ние нема да им го дозволиме. Јас мислам дека ниту едно семејство нема да дозволи и да седи на страна кога му го палат и рушат домот, вели Велоновска која откри една случка како потврда на она што го зборува.

-Кога не викнаа во Брисел 13 новинари од Македонија, ни го наредија од еден ден од 6 сабајле до 8 саат навечер целиот состав на евро демократија. Не можеа на ниту едно прашање да ни одговорат па сето тоа се претвори во скандал, па наместо одговори почнаа да се караат со нас. Шефот на НАТО ме праша мене зошто толку инсистирате да се викате Македонија и Македонци, нели ви е повеќе поважно да имате да јадете путер и леб. Јас му реков што ќе правам со лебот и путерот, кога јас и детето ќе немаме каде да јадеме. Истиот тој шеф на НАТО мене ми рече не ве тераме ние, вие со вашите политичари имате проблем дома. Тие се спреми да го менуваат името. Ете гледате, ем ве притискаат, ем ве блокираат, потоа велат вината е ваша, вели Велиновска.

Таа воедно потенцираше дека народот е тој кој нема да дозволи Македонија да биде загубена, народот нема да дозволи нашата држава да влезе во граѓанска војна, а ќе има провокации.

-Провокации секакви ќе има. Не го заборавајте Смилковско езеро, за Водици спремаа провокации. Информирајте се и препознавајте ја пропагандата и пропагандистите. Тие редовно ни прават анкети, службите со кои соработува Заев. Но, знаете ли што ги плаши, шокантните резултати, 92 осто, вклучително и Албанците родени во Македонија не даваат името да се смени и Македонија да исчезне, вели Велиновска.

 

 

Оцени ја веста

22.03.2015 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега