Еко акции во Малешевијата

 

Во малешевските општини Берово и Пехчево се одвиваат повеќе еколошки акции за пролетно чистење на парковите, речните корита и кејови, училишните дворови, излетнички места и други јавни површини.

Во рамки на проектот „Промовирање интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресусри" во Пехчево се одржува работилница на тема „Природата е најубава во пролет".

Целта на работилницата е преку цртеж, поетски и прозни творби и ракотворби најмладите да ги претстават убавините на малешевското поднебје.

Работилницата е поддржана од локалната самоуправа и од Мрежата за рурален развој на Македонија.

Во ООУ „Никола Петров Русински" во село Русиново се одржува презентација „Чиста средина - здрав живот". Целта е едукација на населението од различни возрасти за грижа и одговорно однесување кон животната средина.

Паралелно се одвиваат и акции за чистење на училишниот простор и засадување саксиско цвеќе и декоративни садници.

Во рамки на пролетните еколошки активности се организира и дефиле на учениците кои на своите родители и постари сограѓани им делат  еко летоци и други пропагандни материјали за еколошка едукација.

Кон акциите на учениците доброволно во чистењето на јавните површини се вклучија и многу родители.

- Изразувам благодарност за масовноста во пролетните еколошки активности на учениците од основните и средните учхилишта, што заедно со нашите вработени даваат голем придонес за разубавување на нашите населени места пред стартот на туристичката сезона во Берово и целата Малешевија, истакна Љупчо Дракалски, директор на Јавното комунално претпријатие „Услуга" во Берово. 

 

 

Оцени ја веста

22.03.2015 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега