Македонија на нозе: Голема трибина на ГДОМ во Дом на АРМ
Граѓанското движење за одбрана на Македонија денес со почеток во 13 часот ќе одржи голема трибина во Домот на АРМ.
Учесници на трибината ќе бидат новинарката и аналитичар Мирка Велиновска, претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, драматургот и писател Братислав Димитров.
На трибината свое обраќање ќе имаат и професорката Виолета Ачковска, аналитичарот Тони Науновски, актерот Тони Михајловски, генералот Митре Арсовски. Како учесници на трибината на ГДОМ ќе говорат и аналитичарот Александар Пандов, професорот Сашо Климовски, новинарот Миленко Неделковски и актерот Петре Темелковски.
Трибината на ГДОМ ќе може да ја проследите во живо на www.makedonija24.mk.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа