Почнува изградбата на тениските игралишта во штипската населба Сењак

 

Започна реализацијата на проектот за комплетирање на спортските терени во населбата Сењак.

Од денес започна порамнувањето на локацијата каде Агенцијата за млади и спорт ќе конструира две тениски игралишта во Штип, пренесува „старплус" на ТВ Стар.

На оваа локација, минатата година беше изградено и пуштено во употреба мултфункционално игралиште, а сега до него се градат и два тениски терена.

Останува уште завршување на локацијата од другата страна на игралиштето кое општината ќе ја урбанизира во парк со соодветно хортикултурно уредување, со што ќе биде заокружена оваа целина од овој дел на градот. Паралелно се гради и одбојкарско игралиште во паркот во населбата „Дузлак", додава ТВ Стар.

 

 

Оцени ја веста

21.03.2015 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега