Следува инвестиција во пругата Битола-Кременица и на железничката станица во Битола

 

Владата ја обезбеди финансиската конструкција за операционализација и модернизација на пругата од Битола до Кременица. Инвестицијата е во висина од околу 20 мил.евра, 85% од ИПА фондовите и 15% буџетско кофинансирање, рече премиерот Груевски на анродниот собир во Битола.

-По спроведената тендерска постапка, склучени се договорите со избраниот изведувач и надзор и се очекува веќе во месец април или мај 2015 да се отпочне со градежни активности. Проектот ќе се реализира во рок од 18 месеци. Со реализацијата на овој проект се овозможува и железничко поврзување на индустриската зона Жабени. По реализација на проектот Битола-Кременица Коридорот 10д ќе биде оперативен Пан-европски коридор, а не локална железничка линија која завршува во Битола, туку ќе продолжува и ќе се поврзува понатаму на кракот на Пан-европскиот Коридор 4, кој ги поврзува Грција и Турција и завршува на пристаништето Игуменица, рече Груевски.

Владата, нагласи Груевски ги обезбеди и средствата за рехабилитација, надградба и реконструкција на железничката станица во Битола. Кон крај на април/почеток на мај 2015 започнуваме и со овој прокт и се очекува градежните да завршат во рок од 7 месеци.

 

 

Оцени ја веста

21.03.2015 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега