Високи суми за обесштетување на поплавените подрачја
Луѓето нема да бидат оставени сами да се справуваат со последиците од невремето. ВМРО-ДПМНЕ стои зад македонските граѓани, ВМРО ДПМНЕ стои зад земјоделците во Македонија и тие уште еднаш ќе почувствуваат што значи да имаш влада која стои зад земјоделецот и оштетениот селанец кога му е најтешко и кога е најпогоден, истакна премиерот Никола Груевски на народниот собир во Битола.
Веќе правиме големи подготовки за сериозна помош и обештетување на граѓаните чии земјишта и имот беа поплавени и разработуваме варијанти за истите да бидат високо обештетени во најкраток можен рок. При крај е Извештајот за штетите од поплавите кој го работат Комисија од централната власт, општинските комисии и експерти од Светска банка. Истиот ќе ни биде предаден во конечна верзија за околу една недела од сега, потенцираше Груевски.
Премиерот потенцираше дека така се борат за Македонија и во времето на последните поплави.
-Додека Заев и Шеќеринска ги емитуваа креираните телефонски разговори, ние бевме тука во Новаци, во Могила, во Битолско, тука со вас, да помогнеме кога е најтешко, кога ви требаме, не само во арно, туку и во лошо...тоа е ВМРО ДПМНЕ, тоа сме ние, тоа е нашето вистинско лице, а не она кое Заев сака да го прикаже преку креираните разговори, истакна Груевски кој воедно додаде дека секоја година најмалку 5 до 6 земјоделски семејства од Битола, Могила и Новаци како поддршка за земјоделството добиваат во просек 10 милиони евра субвенции годишно.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа