Груевски: Немаме точка на топење кога во прашање е нашиот опстанок

 

Република Македонија е суверена држава а не квислиншка творба. Нејзините политичари мора да ги почитуваат интересите на сопствениот народ и држава. На сите нејзини жители. Секој мора да ги уважува Уставот и законите на државата. Секој мора да го почитува народот. И внатре и надвор. Без оглед кој колку е моќен или не. Колку е голем или не. На овие теми, ние немаме точка на топење, рече премиерот Груевски на народниот собир во Битола.

-Во прашање е нашиот опстанок, нашите права на постоење, слобода и избор. Зоран Заев и неговите следбеници залудно ќе чекаат трговија. Нема трговија. Ние може да разговараме и да водиме дијалог, но никогаш нема да учествуваме во сценарија кои имаат за цел да го премостат народот. Ние сме свесни за нашите грешки, и ние знаеме како да ги исправаме, одговорно, слушајќи го народот и неговата волја. Но, нема да има простор за заташкување на скандалот кој самите го конструираа. Одговорноста со сите затезни камати за дестабилизирањето на земјата, за омаловажувањето на гласачката волја, за валкањето на угледот и на граѓаните и на државата, за лагите и оговарањата што ги пласираат во светот, ќе ја носат во секоја форма сите кои учествуваа во потфатот на рушење и дестабилизација на државата, рече Груевски. 

 

 

Оцени ја веста

21.03.2015 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега