Груевски: СДСМ сака без поддршка од мнозинството од народот да дојде на власт

 

Овој 27 април ќе се наврши година од последните предвремени избори. Цела година се занимаваме со СДСМ кој не ги признава резултатите, не ја почитува волја на гласачите, не ги уважува институциите, ги злоупотребува и Уставот и законите. Не втурнаа т.н. „другари“ во политичка криза за која немаше реална причина.

Груевски истакна дека причината е единствено лична, а базирана на нивната очигледно евтина желба да дојдат на власт по секоја цена.

-И го најдоа најлесниот начин. Односно тие беа пронајдени од некого и таргетирани. Сакаат без поддршка од мнозинството од народот да дојдат на власт. Мислат дека ако одат со ваква црно сценарио, па на крај организираат некој митинг, па малце насилство нели, тоа им е дел од кодот, тогаш ќе дојдат странци, ќе се крене меѓународната, и ете им ситуација како да дојдат на власт – посочи премиерот Никола Груевски во денешното обраќање во Битола, каде се собраа граѓани, симпатизери, поддржувачи и членови на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Груевски во Битола.

Тој  посочи дека паралелно на црното сценарио,  СДСМ  нудат сѐ и сешто на секого, на странците, на партиите на Албанците во Македонија, на секој, кој може да направи нешто да им помогне некако… ..

-Но, овие на кои им се нудат не само што не им помагаат така како што се очекува од нив, туку и ги понижуваат, им се смеат, дополнително ги посрамуваат. Ама овие нашиве очигледно немаат никаков срам, образ ѓон, како што викаат нашите. Па каков образ може да има човек кој свесно игра едно вакво сценарио, заклучи Груевски.

 

 

Оцени ја веста

21.03.2015 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега