Ејми Вајнхаус починала од булимија?

 

Британската пејачка Ејми Вајнхаус почина од булимија, а не како послдица на конзумирањето дрога и алкохол, изјави нејзиниот брат Алекс Вајнхаус во интервју за весникот „Обзервер“.

- На начинот на кој живееше, таа и онака ќе умреше, но она што навистина ја уби беше билумијата, изјави на 33-годишниот Алекс Вајнхаус.

Ејми Вајнхаус, која е добитничка на пет натади „Греми“, беше најдена мртва во нејзинот стан на 23 јули 2011 година. При аутопсијата беше утврдено дека има 416 милиграми алкохол на децилитар крв, што резултирало да дојде во состојба на кома и целосно да дехидрира.

најчитано сега