Груевски: Народот е со нас, го чека своето време за жесток одговор

 

Погледајте го овој народ кој дојде да не поддржи, собрани и овде во салата, но и надвор пред салата, сите овие луѓе, кои како река доаѓаа накај салата, почувствувајте ја нивната енергија, и на сите ќе им биде јасно, еве со кого е народот, во овој народ е нашата сила, во сите овие луѓе, но и оние ширум Битола, кои не поддржуваат но не стигнаа да дојдат овдека денес, во сите луѓе ширум Македонија, кои знаат зошто не поддржуваат.Ова денеска пред битолчани на Нардониот собир на ВМРО-ДПМНЕ го истакна премиерот Никола Груевски.

Тој појасни дека најголема дискусија пред овој Собир се водела за тоа каде да се одржи истиот.

-Пораките од Битолчани до нас беа да се одржи на плоштадот Магнолија, каде најчесто правиме наши митинзи, но нашиот одговор е, ...има време за митинзи, има време за големи митинзи, за кои знам дека долго ќе се зборува. Денес идејата ни беше да дојдеме во Битола, да организираме настан за да ја канализираме големата енергија која тлее сиот овој изминат период, енергија која е карактеристична за ВМРО –ДПМНЕ, од која се плашат оние кои смислуваат разни сценарија за нашата држава, која тлее и го чека своето време за жесток одговор, нормално политички, за да не се уплашат премногу овие што не слушаат, истакна Греувски.

Овие луѓе, рече тој,  знаат точно кои сме и какви сме, што правиме и зошто го правиме тоа, кои ја гледаат нашата борба за Македонија, го препознаваат нашиот вистински лик, и знаат дека тоа не е оној кој опозицијата сака да го претстави, затоа што нашиот вистински лик се нашите дела, се нашите проекти, мерки, чекори.

 -Тоа се секое ново отворено работнон место, грижата за пензионерите, вработените, земјоделците, студентите, невработените, социјалците. Тоа е посветеноста и отворениот однос кон синдикатите и коморите. Тоа е нашата макотрпна работа за да направиме нешто добро за нашата држава, истакна премиерот Греувски.

 

 

Оцени ја веста

21.03.2015 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега