ВИДЕО: Трагедија на трката Ле Ман - возач го загуби животот

 

Трагедија се случи вчеравечер на автомобилската трката „24 Ле Ман“, откако 34-годишниот дански возач Алан Симонсен им подлегна на повреди здобиени по излетувањето од патеката.

Несреќата се случи по 10-минутно возење од стартот. Данецот во четвртиот круг при брзина од 170 км/ч ја изгуби контролата на возилото и удри во заштитната ограда. И покрај брзата лекарска интервенција неговиот живот не беше спасен.

За Симонсен ова беше седмо учество на трката. Ова е прва смрт на возач на „Ле Ман“ од 1997 година кога загина Себастијан Енхорлас. 11 години порано животот на тркита го изгуби и Џо Гертер.

најчитано сега