Опозицискиот „Фокус“ предлага Албанец за премиер

 

Опозицискиот неделник „Фокус“ предлага Албанец да застане на чело на Владата на Република Македонија и да биде премиер. Покрај премиерската фунција, „Фокус“ нуди Албанец да биде и директор на Македонската Радиотелевизија (МРТ).

Најновото издание на опозициското гласило на насловната страна донесува „Преодна влада за спас од кризата“, а притоа неделникот се повикува на некаква анкета која ја спровеле и според која најмногу гласови за фунцијата премиер добил Абдулменаф Беџети. „Фокус“ дополнително констатира дека без Беџети, не би можело да има експертска влада.

Според познавачите на состојбите и политичките прилики, ваквиот предлог на „Фокус“ претставува суптилна понуда од страна на главниот медиум на СДСМ до Албанците. Тие коментираат дека ова не е случајно и дека тоа е понуда која во име на СДСМ ја испраќа „Фокус“, бидејќи е јасно дека неделникот и најголемата опозициска партија за сите работи тесно соработуваат и ова е очигледно стратешки смислен текст.

Опозицијата и медиумите кои се под нејзина закрила соочени со својот неуспех и немањето ефект од “бомбите“ кои ги објавува опозицискиот лидер Зоран Заев, сега се обидуваат на сите можни начини да остварат некаква цел, но истите тие дополнително се дозакопуваат преку ваквите провидни сценарија кои ја навредуваат интелигенцијата на народот чија поддршка дефинитивно ја немаат.

Не е случајно тоа што главниот опозициски медиум нуди Албанец за премиер и предлага на тоа место да застане Абдулменаф Беџети. Дополнително, покрај премиерската фунција, „Фокус“ нуди и Албанец да застане на чело на МРТ, односно предлага главниот и одговорен уредник на Алсат-М телевизија Мухамед Зекири, кој во јавноста е познат како промотор на ширење на омраза кон владините политика, да стане директор на македонскиот јавен сервис.

Познавачите на состојбите се децидни дека ваквите предлози на пропагандниот неделник на опозицијата претставува суптилна понуда до Албанците и истата не може да се сфати никако поинаку, туку дека претставува отворен предлог на СДСМ, кој по неуспехот со “бомбите“ сега на секој можен начин се обидува да го воскресне неуспешното мрачно сценарио за преземање на власта без избори и без поддршка од народот по легитимен пат.

Дополнителен скандал претставува тоа што анкетата која што ја објави „Фокус“ и според која се креирани предлозите за клучните функции во таканаречената експертска влада, е правена помеѓу новинарите на СОРОС, па луѓето блиски до оваа Фондација и оние кои се на платниот список на истата, самите себе си нудат премиерско место, министерски фунции, директорски места...

 

 

 

Оцени ја веста

21.03.2015 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега