Се санираат тротоарите во Гевгелија
На главната улица во Гевгелија денеска почна санирањето на оштетените тротоари на потегот од градската библиотека до железничката станица кои особено во вечерните часови претставуваа опасност за пешаците, информираа од јавното претпријатие „Комуналец“, пренесува МИА.
Комуналците нагласија дека ќе бидат преуредени и заменети скршените бехатон плочки на тротоарите од двете страни на улицата, како и на шеталиштето пред хотелот „Аполонија“ во центарот на градот.
Претходно нови тротоари со павер елементи беа направени на седум улици во градот и во населеното место Негорци, со вкупна површина од 3.362 метри квадратни за кои беа потрошени буџетски пари во висина од 4,2 милиони денари. Покрај тоа, беше извршено и бетонирање на 2.635 метри квадратни тротоарска површина.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа