ЕВН гради нова траса за далекуводот во Драчево

 

ЕВН Македонија почна итна изградба на привремена нова делница од 110 киловолтниот далекувод во Драчево како единствено најбрзо решение на проблемот со снабдувањето со електрична енергија на корисниците од оваа населба.

Од компанијата најавуваат дека поставувањето на нов решеткаст 110 киловолтен столб на местото на оштетениот од лизгање на земјиштето предизвикано од трети лица ќе трае повеќе дена, а во меѓувреме со привремената мрежа ќе се избегнат ограничувањата на потрошувачката во однапред одредени временски интервали.

Оттаму посочуваат дека со изградбата на двата портални дрвени столба ќе се активира Трафостаницата Драчево 1 ( 110/10 киловолтна) со што во целост ќе се надминат проблемите во снабдувањето.

- ЕВН Македонија ги вложува максималните напори да се надмине ваквата состојба предизвикана од трета страна, затоа работи на санирање на оштетениот столб, поставување на привремен нов далекувод и веќе двојно ја зголеми моќноста на Трафостаницата Драчево 2, велат од ЕВН Македонија.

 

 

Оцени ја веста

20.03.2015 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега