Во Куманово доделени признанија на редовните крводарители

 
По повод Денот на Црвениот kрст на Македонија и Денот на доброволно дарување крв, 17-ти март, денеска, општинската организација на Црвениот крст додели признанија за редовните крводарители кои дарувале крв во 2014 година од пет до 75 пати.
 
На свечената седница која се одржа во кумановскиот Центар за „Трајко Прокопиев“, кумановскиот Црвен Крст додели благодарници на повеќе поединци, граѓански организации, на преставници од бизнис заедницата кои организираат крводарителски акции и кои го поттикнуваат крводарувањето во општината.
 
- Задоволни сме од бројката на крводарувања која последниве 5-6 години рапидно расте не само на подрачјето на Куманово, туку воопшто на територијата на цела држава, изјави д-р Нухи Јусуфи, претседател на општинската организација на Црвениот крст.
 
Годинава, додаде, во Куманово нема лица кои јубилејно 100-пати дарувале крв, што не значи дека не постојат такви дарители. Напротив, има луѓе кои дарувале крв и по 125-пати.
 
Според секретарот на општинската организација Иле Митковски, општинската организација активно ќе продолжи да ги стимулира крводарителите и да им оддава почит на оние за кои не ретко ги повикуваат кога е неопходно да се дарува крв и да се спаси живот.
 
Во 40 крводарителски акции кои ги организираше општинската организација на Црвениот крст Куманово лани, регистрирани се 2.700 крводарувања.
 

 

Оцени ја веста

19.03.2015 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега