Попоски во Виена на Конференција за борба против џихадизмот

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски утре во Виена ќе учествува на конференцијата посветена на „Борбата против џихадизмот-обликување на политика за превенција и реакција“.

Попоски на конференцијата ќе учествува на покана од министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц и министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл-Лајтнер.

На конференцијата, на која ќе учествуваат министрите за надворешни и за внатрешни работи од земјите од Западен Балкан, ќе се дискутира за борците кои од Европа заминуваат за Блискиот Исток и се борат на страната на ИСИЛ, како и за враќањето во нивните матични земји.

Министерот Попоски на конференцијата ќе ги презентира преземените и планирани активности на Република Македонија во борбата против глобалниот тероризам.

 

 

Оцени ја веста

19.03.2015 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега