Миладинов за РСМ: Прво изградба па приклучок на гасоводот со сите соседни земји
Изградбата на примарната гасификациона мрежа од Клечовце до Штип ќе ја ангажира и домашната механизација. Стројтранс гас, руската фирма која е главен изведувач на оваа траса веќе почна со ангажирање на 10 домашни компании. Според првиот човек на Македонски Енергетски ресурси, Крсте Миладинов постапката за избор се уште трае, а се очекува да бидат вклучени од 10 до 15 македонски компании.
-Тоа е доста позитивно, затоа што ќе има работа за македонските компании и она што е најважно тие компании ќе научат, ќе стекнат искуство од фирма која веќе изградила илјадници километри гасовод. Самиот процес на гасификиација се состои од неколку фази. Првата е изгрдба на магистралните правци, втората е изградба на дополнителни приклучоци до соседните земји и 3 е изградба на дистрибутивна мрежа, односно мрежа која гасот ќе го донесе до домаќинсвата и индустријата. Веќе се распишани огласи и до пролет треба да се знае која компанија ќе ја гради дистрибутивната мрежа во скопскиот регион.
Инаку, во првата фаза ќе се гради гасификациона мрежа од Клечовце до Штип, па понатаму од Штип до Прилеп, Битола, Охрид и Струга. Вториот крак е од Штип- Радовиш- Валандово- Струмица- Гевгелија, односно до грчката граница, потоа изградба на Скопје-Тетово-Гостивар- Струга до албанска граница и од Радовиш до бугарска граница. Значи ќе има изградба до сите соседни земји, значи и до Албанија, Косово, Грција и Бугарија. Само изградбата на магистралниот гасовот е со должина од 400-450 километри, а вредноста на целата инвестиција се проценува на 230 милиони евра.
За втората фаза ќе чини околу 180 -200 милиони евра. Миладинов вели дека Македонија ќе биде целосно гасафицирасна во 2022,2023 година. Бенефитите од изградбата ќе бидат големи, прво- граѓаните и фирмите ќе имаат избор, сами ќе одлучуваат кој енергенс ќе го користат, второ – ќе се овозможи стабиолност на енергетскиот систем и трето, граѓаните и компаниите кои ќе одлучат да се граат на овов енергетнс ќе имаат пониски трошоци. За колку пониски сметки ќе добиваат, рано е да се каже, зато што самите компании ќе одлучат за тоа но сигугно ќе бидат многу пониски, истакна Миладинов.
За емисјата Бројки открива дека сегашната потрошувачка на гасот, кој доаѓа од руската федерација, е многу мала. Во моментов се трошат до 100 милиони кубни метри, а со изградабата на примарната гасификација количината ќе се зголеми на 800 милиони метри кубни.
-Целта е да обезбедиме приклучок од различни места, затоа имаме делници и кон Албанија, Бугарија, Србија, Грција, Косово. Македонија може да стане дел и од трурски ТАНАП, и од Турски поток- ако се гради и Балканскиот прстен и дел од Адриатик гасоводот, кој ќе ги поврзува Хрватска, Црна Гора, Србија и Македонија. Целта е прво да се изгард мрежата, а подоцна се остава простор да се одлучи на кој начин и кон кој гасовод ќе се повреземе, додава Миладинов.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа