Грчки медиуми: Груевски нема намера да попушти за името
Реафирмацијата на црвената линија на ВМРО-ДПМНЕ за прашањето со името од страна на премиерот Никола Груевски на собирот во “Борис Трајковски” и натаму е мета на критика во грчката јавност. Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, заштитата на уставното име и идентитетот, како и заложбите за референдум, за провладиниот “Катимерини”претставувале демонстрација на нетолерантност од страна на македонскиот премиер, пренесува НетПрес.
- Многу висок тон против Грција во однос на прашањето за името иницираше премиерот на Македонија, Никола Груевски, во својот говор во неделата во Скопје, истовремено потценувајќи ја неодамнешната инцијатива за дискутирање за мерки на доверба насочени кон иредентизмот на Скопје, инсистирајќи на непопустливите позиции”, пишува “Катимерини”.
Грчкото издание на весникот “Русија сега” пак, пишува дека гасоводот Турски тек што веќе почна да се гради во Македонија, ќе претставува златен рудник и за Грција. Во анализата се вели дека Грција ќе има економски и политички придобивки од гасоводот, кој што меѓудругото ќе биде извор на приходи и инвестициски магнет кој што ќе ја ревитализира економијата.
- Или фактот што Грција е соочена со ќор сокак, како во однос на преговорите за името со Македонија, така и во однос на прашањето со конфликтот со Турција за Кипар. Ако сите три земји соработуваат во случајот со транзитот на гасот, тогаш Москва би можела да стане гарант меѓу страните за стабилноста на Балканот и југоисточниот Медитеран, бидејќи било која форма на тензија меѓу трите страни може да биде катастрофална за долгорочната одржливост на проектот. Така, во оваа реалистична рамка, Русија може да ја преземе водечката улога за рестарт на дипломатските разговори за овие прашања и да одигра улога на објективен медијатор, кој што има интерес за постојана стабилност меѓу сите страни”, се вели во анализата на весникот, со порака грчката и руската страна веднаш да ги почнат преговорите за проектот.
- Сега е најдобро време за Грција да почне да ја испитува оваа можност со Русија и ако ова се направи директно, тогаш таквиот чекор би можел да води кон навремено осигурување на руската економска помош, со оглед на тоа што преговорите за долгот со ЕУ и ММФ истекуваат во јуни”, пишува весникот.
Оцени ја веста
19.03.2015 - 11:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа