Груевски во Брисел на средба со Жозеф Дол
Шефот на македонската Влада, Никола Груевски, денеска во Брисел ќе има средба со претседателот на Европската народна партија Жозеф Дол, кој е и лидер на најбројната политичка групација во Европскиот парламент и искрен поддржувач на Република Македонија.
Како што јавува дописникот на МИА, средбата Груевски - Дол е втора меѓу двајцата политичари во период од неколку месеци, а се очекува да разговараат за повеќе актуелни теми и прашања од интерес за Република Македонија и нејзините евроинтеграции.
Премиерот ќе учествува и на редовниот Самит на Европската народна партија, на кој учествуваат шефовите на партии и политички лидери од европската десница, меѓу кои и првите луѓе на Европската комисија и на Европскиот совет, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа