Грижата на дело: Нова социјална зграда со 43 стана ќе никне во Кочани
Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор-Подружница Кочани ќе гради станбена зграда со 43 стана наменета за социјални случаи.
Станбената зграда ќе биде лоцирана на улица „Ѓорче Петров“ во населбата Калиманова глава непосередно до веке изградената прва ламела од станбените блокови во оваа населба.
- Подготовките се веке отпочнати, изготвена е проектната документација. Во новата станбена единица ќе има 43 стана кои ке бидат наменети за корисници на социјална и друга помош, изјави Анче Трифунов, раководител на Подрачната единица на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во Кочани.
Трифунов информираше дека е започнат со реализација и проектот на Владата за изградба на индивидуални куќи наменети за социјални случаи.
- Вакви куќи по пет ќе градиме во општините Кочани, Виница и Делчево.Обезбедена е локацијата останува да се докомплетира документацијата и да се отпочне со изградба, истакнува Трифунов.
Инаку, во општините Виница и Пехчево, ќе се градат и по една станбена зграда со вкупно 73 социјални стана.
Оцени ја веста
19.03.2015 - 10:40
Фото:
сител
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа