Врие во СДСМ: Народот ја препозна фарсата на Заев кој остана без поддршка

Врие во СДСМ. И за раководството на опозициската партија е кристално јасно дека сценариото кое го спроведуваат  не само што не дава позитивни за нив резултати, туку му нанесува штета на СДСМ кој ја губи и онака слабата доверба која ја има кај граѓаните.

Јавноста е свесна која беше целта на Зоран Заев и веднаш го препозна мрачното сценарио кое тој го спроведува. Неговата идеја требаше да и нанесе штета на Република Македонија, но граѓаните тоа не го дозволија и застанаа во одбрана на македонските национални интереси.

Ако досега на Бихаќка владееше нервоза и разочараност, последниве неколку дена на таа адреса се случува вистинска катаклизма. Температурата во опозициските редови се качи на највисоко ниво по масовниот собир кој во неделата се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.  Над 30.000 граѓани таму ги слушнаа јасните и моќни пораки на премиерот Никола Груевски и стана јасно кај кој политичар граѓаните имаат најмногу доверба.

Според извори од СДСМ дознаваме дека во партијата владеат жестоки разногласија, препирки и кавги по прашањето „Дали целосно ја промашија стратегијата“. Социјалдемократите не можат да го најдат одговорот  и причината за тоа што бомбите им одекнаа само во мали, за нив блиски кругови. Па сите сега се прашуваат: Дали згрешиле со одолговлекувањето на објавувањето, Дали требало во пократок временски период да ги објавиваат истите, како и Дали згрешиле при лепењето и селектирањето на креираните материјали.

На висок тон и со силни препирки се комуницира и меѓу највисокото партиско раководство. Дека СДСМ изгуби кога се соочи со народот, потврдуваат и експертите.

Науновски: Македонскиот народ е мудар и ја препозна фарсата на СДСМ

Универзитетскиот професор Тони Науновски во изјава за Курир, се согласува дека сценариото на СДСМ доживеа дебакл. Тој вели дека СДСМ се соочи со македонската победа и со фактите за нивниот пораз.

-Се е грешка во евтиниот шпионски филм на ЗоранЗаев, самата намера и цел, методите се погрешни.Македонскиот народ е мудар и брзо ја препозна фарсата, валканата политичка игра со која сакаа да не изманипулираат и со гебелсовска СОРОС-оидна пропаганда, недемократски да ја превземат власта. Попусти се обидите за реприза на „црниот понеделник“ кога имаше обид за предизвикување на внатремакедонска борба, за насилно освојување на институциите на државата. Демаскирани во нивната интелектуална беда, во нивниот суштински антимакедонизам, некои центри на моќ во СДСМ се соочуваат со фактите за нивниот пораз, со нашата Македонска победа, вели Науновски.

Ако СДСМ сака да постигне нешто, ќе мора да го смени својот лидер Заев, но и целото партиско раководство, сметаат експертите.

-Лажната еуфорија беше видлива уште на почетокот од реализацијата на недемократското сценарио и сега им претстои период на партиско, идеолошко преиспитување. СДСМ мора да го сменат нивниот претседател Заев и раководството, и да започнат од почеток, со нови луѓе и принципи на политичко дејствување. Беше ова тежок период за нашата држава и за нас македонскиот народ, но помина, и да не се повтори никогаш повеќе. Одговорните за „Пучот“, кој ќе се изучува во светската политикологија како пример на антидржавно политичко однесување и фарсичен спој на шпиони, повикување на странски фактори при суверена држава и невидена медиумска пропаганда финансирана од странски пари, ќе бидат поставени пред судот на македонската историја, но и пред институциите на системот, да бидат паметник за новите генерации Македонци како не треба да се мисли политиката и својата држава. Не сум пакосен, но едвај чекам да видам како ќе ги избркаат од СДСМ овие што направија од таа партија комично здружение, нивното смеење во Универзална сала сега ќе им биде вечно плачење, вели Науновски за Курир.

Цела коалиција во нервоза

Не владее нетрпение само меѓу социјалдемократите. За лошите политики на СДСМ, манифестирани во објавата на креирани материјали, несогласувања се јавуваат во цела опозициска коалиција. Нервозата во ЛДП се манифестираше вчера со физичка пресметка во која беа повредени вработени во општина Центар.

Инцидентот се случил на Сквер Јадран во центарот на градот, а настрадале раководителот на секторот за градежништво во општината и раководителот на секторот за социјала кој до пред 7 дена бил претседател на младината на ЛДП.

Двајцата вработени во општината Центар пријавиле дека биле физички нападнати од страна на генералниот секретар на ЛДП Дуфе Куковски. Инаку Дуфе е актуелен пратеник и нов генерален секретар на ЛДП, а двајцата вработени се всушност високи функционери во општина Центар блиски до градоначалникот Андреј Жерновски. 

Како што информираа, додека Куковски ги удирал со боксови и клоци, жестоко го навредувал градоначалникот Жерновски, кој до пред кусо време им беше партиски лидер.

Конфузното однесување на СДСМ дојде до точка на кулминација и на средбите кои тие ги имале со претставници на амбасадите, каде тоа било и повеќе од видливо. Иако планираа да добијат силна поддршка, од странските дипломати челниците на СДСМ добиле забелешки дека меѓународната заедница предолго го толерира нивното однесување.

За оваа тема пишуваше и дневниот весник „Вечер“, кој повикувајќи се на свои извори објави дека однесувањето на Заев предизвикало загриженост и разочарување кај дипломатите бидејќи создавањето на политички тензии во јавноста со отворена можност за создавање етнички тензии би ја вовлекло Македонија во криза која е далеку посложена и поопасна отколку создавање услови за преодна влада која веќе не е можна.

По ова, СДСМ се соочи со внатрешен проблем. Членството виде дека сценариото на Заев, освен што не поминува кај граѓаните, осудено е и од меѓународната заедница. Тоа дополнително влијае на меѓучовечките односи на Бихаќка, а при секојдневните комуникации тие дополнително ги нарушуваат односите меѓу себе.

Бомбите веќе немаат никаков ефект. Интересот кај јавноста е сведен на минимум, а креираните материјали на Заев и СДСМ се објавуваат се поретко бидејќи интерес за нив нема.

Пропадна сценариото кое имаше за цел да ги наруши македонските национални интереси, па бомбата која Заев ја фрли, експлодира во партиските редови. Нервозата секој ден е се поголема, а членството целосно сфати дека со ваков лидер нема партијата да дојде на власт.

КУРИР

 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега