ФОТО: Како денеска изгледа и што работи момчето од „Ко то тамо пева“?

Ненад Костиќ во далечната 1980 година дебитираше во познатиот филм „Ко то тамо пева“, а тогаш имаше само 11 години.

На почетокот на 90-тите години Ненад бил диџеј, потоа станал полицаец, за на крај да стане возач во белградското јавно сообраќајно претпријатие, каде вели дека патниците го препознаваат и се шегуваат дофрлајќи му „Вози, Мишко“.

Неговиот чичко, кој во филмот свири хармоника, во 1980 година го повикал со него да снима филм. Му објаснил дека сакал да му помогне на неговиот другар од војска Слободан Шијан, кој го режираше филмот и кој воедно бил негова дипломска.

Ненад никогаш не научил да ја свири култната песна, па во сцените е користен плејбек.

 

Целиот филм е снимен за само 26 дена, а Ненад добил хонорар од тогашни 1,5 милиони динари, што не било доволно ни да се купи ново „фиќо“. 

 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега