Кога сакаш млад маж мора многу работи да менуваш - по што ќе се разликува втората свадба на Гоца Тржан?

Српската пејачка Гоца Тржан  (41) на лето по втор пат ќе застане на лудиот камен . По неуспешниот брак со Иван Маринковиќ ќе се омажи за тапанарот Радомир Новаковиќ (27).

Планира да направи журка која многу ќе се разликува од нејзината прва свадба. Сепак, нешто нема да се промени.

- Кумата нема да ја менувам. Мојата најдобра другарка Јелена Стојковиќ Филиповиќ повторно ќе ми биде сведок на венчавката, вели Гоца.

 Додава дека тие две заедно пораснале и покрај тоа што таа се занимава со пеење, а нејзината кума со медицина, една на друга се најголемата поддршка. 

Гоца открива дека на свадбата ќе има диџеј и дека ќе се венча најверојатно во работен ден и после венчавање ќе оди на вештачко оплодување. 

 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега