Отворени денови на АХВ во источна Македонија
Агенцијата за храна и ветеринарство денеска продолжува со отворените денови во Пехчево, Виница и Македонска Каменица.
Граѓаните и компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор ќе имаат можност да се запознаат со работата на Агенцијата и да се информираат за прашања кои се од нивни интерес.
Во рамки на отворените денови ќе биде промовиран и водич за новните во означувањето на храната во ЕУ кој го подготви Агенцијата за храна и ветеринарство.
На средбите најавено е присуство на директорот на Агенцијата Зоран Поповски.
Оцени ја веста
18.03.2015 - 09:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа