Седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за надворешна политика, Комисијата за земјоделство и Законодавно-правната комисија.
Пред Комисијата за надворешна политика ќе ја претстави својата платформа за дипломатски активности новоименуваниот амбасадор во Руската Федерација, Гоце Карајанов.
На дневен ред на Комисијата за земјоделство и на Законоадвно-правната комисија се Предлог-законот за водостопанство и дополнувањето на Законот за земјоделски задруги, двата во прво читање.
Оцени ја веста
18.03.2015 - 09:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа