Таборот на Жерновски физички нападнат од новиот Генерален секретар на ЛДП
Со клоци и тупаници решавале внатре партиски недоразбирања. Актуелениот пратеник и нов генерален секретар на ЛДП, Дуфе Кукоски физички се пресметувал со двајца високи функционери во општина Центар блиски до градоначалникот Андреј Жерновски.
Инцидентот се случил на сквер Јадран во центарот на градот, а настрадале раководителот на секторот за градежништво во општината и раководителот на секторот за социјала кој до пред 7 дена бил претседател на младината на ЛДП. Кукоски кој според полицијата ќе добие прекршочна пријава во телефонски разговор за Сител вели дека немало физички напад туку вербална расправија.
- Зарем јас можам да натепам двајца? Дојде до вербална расправија бидејќи едно од лицата требаше да раздолжи техника во сопственост на партијата, вели Кукоски .
И првиот човек на ЛДП кој ја наследи фотељата на Жерновски вели дека инцидентот настанал од внатре партиски причини но одговорноста ја насочува кон оние кои пријавиле дека добиле ќотек.
- Ги осудувам обидите да се наштети на партијата и на пратеникот со вакви лажни пријави. На оние кои ова го направиле нека им служи на чест, вели милевски. Нападнатите не беа достапни на мобилните телефони но според извори ан Сител тие случајот го пријавиле во полиција и приложиле медицинска белешка за здобиените повреди. Градоначалникот на општина Центар за коментар не упати кај порпаролот Катерина Цаневска. - Нема потреба од коментар бидејќи инцидентот не се случил во просториите на општина Центар- вели Цаневска.
Партиски извори за Сител брифираат дека се работи за обид за пресметка на две групи-новото раководство на ЛДП и старата група блиска до Жерновски. Иако во јавноста подолго се говори за внатрешните превирања во оваа опозициска партија, денешниот инцидент јасно потврдува дека во ЛДП врие па неизвесно е до кога и формално партијата ќе го зачува единството.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа