Создавање на поволна бизнис клима- еден од приоритетите на општина Гевгелија
Обезбедувањето на услови за поволна бизнис клима е една од приоритетните задачи во општина Гевгелија, беше речено на последната седница на Советот на општината, во рамките на расправата по Извештајот за работата на градоначалникот Иван Франгов.
Притоа, беше нагласено дека ваквите настојувања се остваруваат преку урбанизација на градежните парцели и донесување на нови урбанистички планови.
Минатата година биле донесени неколку урбанистички планови, а во тек е постапката за донесување на 31 урбанистички план.
На тој начин се обезбедени услови за продажба на градежни парцели и задоволени потребите и барањата на заинтересираните инвеститори.
На заинтересираните граѓани и инвеститори им се понудени и продадени 9 градежни парцели, од кои преку електронско јавно наддавање беа продадени 7 градежни парцели. Од понудените 5 градежни парцели за индивидуални куќи продадени се 4, а една парцела за домување во станбени згради е продадена веднаш. Додека пак од понудените 3 парцели за стоваришта во Агроберзата кај Негорци две биле продадени.
Минатата година продолжи изградбата на Градскиот пазар со реализација на првата фаза. По изградбата на новата хала, која е во тек, ќе уследи покривање на двете хали и создаvawe услови за профункционирање на пазарот. Изведбените работи на пазарот се очекува да завршат во текот на 2015 година. Со одржаната јавна презентација на Стратешката оценка за влијанието на изградбата на Конска брана на животната средина подготвителните активности за реализацијата на овој капитален проект се окончани.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа