На Груевски навистина му се случи народ - расте нервозата во СДСМ
Огромното присуство на народот на неделната трибина одржана во спортскиот центар „Борис Трајковски“ покажа дека народот одлучил на кого му верува. Граѓаните јасно кажаа дека довербата ја даваат за проекти со кои ќе им се подобри животот, а со масовното присуство дадоа одговор и го срушија сценариото на Заев и наредбодавачите.
Премиерот Никола Груевски на трибината истакна дека силата на ВМРО –ДПМНЕ е во народот кој ги поддржув и кој е со нив во изминатиот период.
-Ние не сакаме преку ноќ некој да дојде, по можност да е од странство, нели, и да не донесе или остави на власт, и да ни дава разни нелегални, креирани, сценарија на тацна, без да се помачиме, без да знаеме дека сме алтернатива, дека народот е со нас. Не. Тоа кај другиве. Кај нив тоа поминува, кај нив сè поминува. Тие би ја направиле таа работа како што гледаме, што поскоро тоа подобро. Ние сакаме да ја заслужиме довербата. Колку лесна би била политиката ако така би функционирало како што тие тераат, зарем не, истакна Груевски кој додаде дека народот бара одговори и решенија за реалниот живот и потребите.
-Вие нè познавате доволно добро. Креирани големи сценарија и случаи ставани во негативен контекст, како конструкција не е доволно да ја засени нашата работа и делата заради кои нè бирате и ни давате доверба. Тие дела се нашиот вистински лик. Во тие дела, проекти, мерки, реформи. Во нив е вистината! Вистината не е некој апстрактен поим, кој сега опозицијата сака да го монополизира и киднапира, мислејќи дека полагаат ексклузивно право на тоа да кажат што е вистина, а што не е. Тие го немаат тоа право. Вистината е во сите нас тука, во сите граѓани, и секој поединечно знае во што може а во што не може да верува. Вистината е во постапките и чекорите заради кои граѓаните гласале за нас и не бираат 9 години по ред на избори, потенцираше Груевски.
Дека народот навистина е со Груевски и дека избира дела за подобра иднина и живот, смета и новинарката на Дневник, Катерина Нешкова.
-На Груевски навистина му се случи народ. Целото негово владеење покажува дека тој сака да комуницира со граѓаните. Тој не игра со поединци и покажува дека не носи одлуки кои лично го засегаат, вели Нешкова во емисијата „Кворум“ на Радио слободна Македонија која ја коментираше трибината на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа посочува дека ВМРО-ДПМНЕ и во перидод кога не се очекуваа избори и кога немаше политички превирања, организираше трибини и премиерот и неговите министри беа со граѓаните.
Аналитичарот Оливер Андонов истакна дека ВМРО-ДПМНЕ на трибината во недела покажа дека се уште има силна поддршка од народот за спроведување на политиките, со што се покажало едно силно единство, а во таа насока, смета Андонов бил и говорот на премиерот.
-Масовното присуство на еден ваков голем собир претставува и политичка порака по политичкиот опонент дека не се согласуваат со неговите креации, со неговите водења на политиките и она што ја продуцураше политичката криза во Македонија, смета аналитичарот.
Сè поочигледно станува дека по масовната поддршка од граѓаните за Груевски, дополнително расте нервозата на Бихаќка. За ова сведочат и говорите на омраза искажани од поддржувачите на СДСМ. Но, тука се и лагите искажани од лидерот на опозицијата Зоран Заев во врска со случајот со поткуп. Тој се повеќе се заплеткува со своите изјави, па вели дека поднел пријава за нудење поткуп од страна на струмички бизнисмен но тоа го сторил неколку дена подоцна. И покрај ваквите лажни изјави, Заев не даде одговор на клучното прашање, зошто чекаше речиси една недела за да поднесе пријава иако јавно кажа дека тоа го сторил, односно зошто поднесе пријава 1 ипол година откако случајот за поткуп до надлежните институции го пријавил струмичкиот бизнисмен.
Ваквите лаги се само уште еден доказ во низата дека СДСМ нема научено дека довербта е важна кај народот. Дека со доверба кај народот се бара поддршка и дека токму граѓаните се тие кои одлучуваат. Една од главните причини поради кои СДСМ веќе девет години се во опозиција, е потценување на народот и несфаќањето дека луѓето одлучуваат на кој и во што ќе веруваат.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа