Водич за разбирање на пазарот на хартии од вредност

 

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Меѓународната финансиска корпорација, дел од Групацијата на Светска банка (ИФЦ), со поддршка на Швајцарскиот секретаријат за економски прашања (СЕЦО) изработија Водич за разбирање на пазарот на хартии од вредност.

Со Водичот, овие институции имаат цел  да  придонесат за  подигнување на  степенот на финансиската едукација, како и предметите поврзани со пари и управувањето со нив да станат подостапни  до младите генерации.  Оваа брошура е наменета за учениците од средните училишта.

Имајќи го во предвид фактот дека во една пазарна економија, настаните на Берзата и воопшто на пазарот на хартии од вредност се едни од најважните економски феномени, се наметнува потребата од  рано разбирање и толкување на поимите поврани со пазарот и навлегување во суштината на неговото функционирање. Токму младите во иднина треба да бидат оспособени да стапуваат на пазарот на работна сила, да влегуваат во финансиски трансакции и да носат правилни одлуки врз основа на информациите со кои располагаат.

Постои глобален консензус дека е потребно нивото на финансиска едукација и писменост во светот да се подобрува и се повеќе луѓе да се вклучуваат во светот на финансиите, а со тоа и на пазарите на хартии од вредност.

Потврда за тоа е и одбележувањето на Глобалната недела на пари (GlobalMoneyWeek), во што е вклучена и Република Македонија, а промоцијата на Водичот е само една од активностите што се спроведуваат кај нас.

Водичот е достапен на веб страницата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија  www.sec.gov.mk.

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега