СЛУЧАЈ ОРЕШЕ: Втор пат запалена продавницата на заштитениот сведок
Денешниот инцидент во кој нарачателот на убиството од Ореше ја заплил продавницата на роднина на заштитениот сведок во случајот не е прв. Осудениот нарачател втор пат го пали дуќанот во селото како одмазда за сведочењето против него.
За првото палење на продавницата тој заработи 4 години затвор во првостепена постапка а веќе утредента за одмазда го запали автомобилот на велешката судијка.
Случајот е на одлучување пред Апелациониот суд.
Идентитетот на сведокот „Бреза“ беше објавен во новинарски текст на новинарот Томислав Кежаровски поради што тој беше предмет на истрага и беше осуден на зтаворска казна.
Нарачателот на убиството Ѓоре Петровски доби пресуда на 13 години затвор но и овој случај е на повторно одлучување пред Апелациониот суд.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа