Никовски: Не е можно Грција да не е вмешана во кризата наметната од Заев

 

Не е можно Грција да не е вмешана во кризата наметната од лидерот на СДСМ Зоран Заев, смета Ристо Никовски за канал 5 телевизија

-Сега е некаква дилема дали се странските служби инволвирани или не. Странските служби во еден ваков настан во Македонија не може да бидат надвор, истакна Никовски, во Дневник Плус на Канал 5 телевизија.

Дали тие директно прислушкувале или ги користеле нашите служби, според Никовски, тоа е ирелевантно.

-Менаџерот, носителот на тоа е некој од надвор. Мислам дека кај нас некои се залетале сметајќи на некои краткорочни придобивки и прават невидена штета на државата, истакна Никовски.

Тој оцени дека, сето ова што се случува е еден континуитет, едно сценарио кое е започнато на почетокот на 90-те години.

-Таа генеза започна во деведестеите години кога не не признаваа, кога ни го оспорија името, кога ни наметнаа војна во 2001 година, па блокада и уцена во 2008 година итн. Тие што ги игнорираа ОН, повелбата и уставот на Обединетите нации, го игнорираа ХАГ, го игнорираа меѓународното право преку времената спогодба, зар тие кои сакаат да не уништат, сакаат да не прекрстат можно ли е во една ваква криза да стојат надвор и да бидат надвор. Тоа не е возможно, нема логика никаква. Значи се работи за еден континуитет, додаде Никовски.

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега