Ефтов: Случајот со Заев треба да има судска разрешница
Треба да има судска, па политичка разрешница на случајот со прислушкувањето, вели новинарот Васко Ефтов при гостувањето во дебатната емисија на Канал 5 телевизија.
Афера со прислушување сама по себе е голема афера. Неминовно е да има политичка и судска разраешница. Ќе дојде до делење на судскиот процес на два дела, обвинителството ќе мора да го подели на два дела. Тоа е сплетот на околности, судска, па политичка разврска, вели Ефтов.
Ефтов нагласува дека истрагата ќе покаже која е врската помеѓу Зоран Заев и Зоран Верушевски.
-Мислам дека ќе се оди на еден сосема транспарентен судски процес, бидејќи власта тоа го сака. Тоа значи дека ги имаат доказите на располагање, вели Ефтов.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа