Груевски имаше силен и обединувачки говор, со силни пораки за националните витални интереси, сметаат експертите

 

Говорот на премиерот Никола Груевски на вчерашниот народен собир, според експертите, беше силен и обединувачки, и според нив ваквиот говор треба да биде испирирачки за сите политички партии, па дури и за СДСМ.

Во вчерашното отворено студио на Сител телевизија, веднаш по завршувањето на собирот, Иванка Додовска, Оливер Андонов и Цветин Чилиманов потенцираа дека со креираното сценарио СДСМ ја промашило целта за создавање на вештачка криза во Р.Македонија, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ покажа дека има се повеќе енегрија и дека не се погодени од случувањата во изминатиов месец.

- Констатацијата е дека имаше еден многу силен политички говор, многу обединувачки говор. Токму тука можеме да ја видиме разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, во овој сублимиран говор на премиерот се гледа целата политика како тип на водење на државна политика, при што премиерот настапи и во името на ВМРО-ДПМНЕ со обединувачки аспект, со едни силни пораки за националните витални интереси со силни пораки за зачувување на единството и напредокот на Македонија, зборувајќи за развојните аспекти на работата на Владата, зборувајќи за почитувањето на демократските придобивки и демократското владеење зборувајќи во самата реченица каде што вели дека може преодна Влада но без ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи токму на политичката одговорност и легитимитет кои се добиваат на избори, посочи професорот Оливер Андонов.

Според него од тој аспект допрва ќе се отворат многу прашања во меѓупартиските односи, а со сето тоа ќе се добие на квалитет и на обединување на нацијата.

Андонов нагласи дека овој говор треба да биде инспирирачки дури и за СДСМ.

- Од она што можевме да го слушнеме по се изгледа дека ВМРО-ДПМНЕ не само што не е поповредена и погодена од случувањата во изминатиов месец, туку се чувствуваат комфорно и самоуверено како да добиваат дополнителна енергија под притисок. Од најавите на премиерот јасно е дека тие се отворени за одговорност во нивните редови, но дека доказите и материјалите коишто постојат, коишто истрагата ги утврдува пред се ќе бидат насочени кон тоа како се добиени, како е креирано ова сценарио коешто го гледаме во изминатиов месец ипол, коешто очигледно долго време е подготвувано, долго време е работено со цел да се дестабилизира Р.Македонија, но од ова што денеска го видовме очигледно е дека главната цел на тоа сценарио е промашена, истакна новинарот Цветин Чилиманов.

Политичкиот аналитичар Иванка Додовска вели дека од говорот на премиерот Груевски, станува јасно дека се демаскирани сите обиди за нелегално и нетранспарентно создавање на вештачка криза во Р.Македонија.

- Од она што можевме да го слушнеме и од говорот на ветеранот на ВМРО-ДПМНЕ Љубиша Георгиевски и од говорот на премиерот Никола Груевски е дека не само што се демаскирани сите обиди за нелегално и нетранспарентно создавање на вештачка криза во Р.Македонија, туку и дека народот и граѓаните се со оваа владина гарнитура на која легитимно минатата година им го дадоа својот глас и својата доверба да ја водат државата во следните 4 години. Од тие причини и од говорот на премиерот можеме само да констатираме дека не само што кај нив нема да се случи промена туку тие и понатаму имаат зацртано да одат со позитивна, афирмативна свест кон сопственото граѓанство и се што ќе работат транспарентно да можат да го приложат за да можат на следните избори повторно да ја побараат довербата од граѓаните. Со тоа лидерството на чело со Зоран Заев едноставно беше демистифицирано, посочи Додовска. 

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега