Чилиманов: Народот сака реални проекти за подобар живот
Гледаме како граѓаните излегуваат масовно, а тоа е резултат на еден различен пристап на две страни во однос на материјалите.
Опозицијата како што подвлече Чилиманов, ги слушала, преслушувала и си ги одбирала снимките кои на неа и одговараат.
-Заев се обидуваше да се пресмета и со локални политичари, со закани дека сега ќе објави материјали за нив, видовме дека тоа се обиде да го направи и Жерновски. Од друга страна пак повеќе луѓе се пофалија дека ги имаат слушано материјалите, како на пример Ордановски кој се фалеше дека ги слушал, истакна новинарот Цветин Чилиманов.
Тој додаде дека со оглед на тоа што има, како што тие тврдат, голем број на материјали, кај СДСМ создава апетит дека преку ред и преку ноќ ќе дојдат на власт.
-Ова не е ништо ново за нив. Тие наместо со проекти, мислат дека со удар ќе дојдат на власт и ќе го тргнат ВМРО. Тие не се обидуваат да играат на картата- проекти, привлекување на странски инвестиции, додаде Чилиманов.
Имаме влада која носи инвестиции, соработува со западните земји, прави инфраструктури проекти со кинески кредити, а тука е и примерот со гасоводот, смета Чилиманов.
-Кај народот се свежи сеќавањата за дестабилизација на државата. Повторно со снимки. И во 2001 година се случи тоа, па беше обвинета ВМРО-ДПМНЕ само поради тоа што ДБК имала такви инструменти. Денес во времето на Сноуден тоа е веќе смешно, додаде тој.
Чилиманов смета дека народот е веќе уморен од тоа и сака реални проекти за подобар живот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа