Граѓаните заинтересирани да купат стан во висококатниците во Аеродром
Сител телевизија објави дека голем број на Македонци пројавиле интерес да купат стан во висококатниците кои се градат во скопската населба Аеродром.
Сител објави дека турските инвеститори се изненадени од интересот, но велат дека се уште е рано за продажба.
Висококатниците како што е најавено ќе бидат готови во средината на август, а целиот комплекс за две години. Се работи за висококатници од 30 и 29 спрата.
Освен четирите кули се планира и изградба на трговски центар на површина од 25 илијади метри квадратни, повеќе деловни комерцијални простории, базен, фитнес, тениско игралиште. Во кулите ќе живеат до 5000 лица. Ќе има и паркинг со можност за паркирање на 7000 автомобили.
ФОТО: Факултети