Легендарниот српски глумец Никола Којо ќе добие близначиња

 

Легендарниот српски глумец Никола Којо ќе стане татко на близначиња.

46 годишниот српски актер Никола Којо  и неговата 36 годишна сопруга Александра за околу три месеци ќе станат родители на близначиња – девојчиња.

- Никола и Александра се пресреќни. Оваа бременост се случила потполно неочекувано и многу им е мило што ќе добијат близначки. Кога Александра му соопштила на Никола дека е бремена, тој многу се израдувал. Таа сега е во шестиот месец од бременоста, која одлично ја поднесува. Никола и помага во се што треба и обврските кои ги има околу неа за него се задоволство, изјавил извор близок на актерот.

најчитано сега