Постигнат договор меѓу Владата и СОНК
По континуираниот процес на преговори, Владата и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) постигнаа договор.
Постигнатиот договорот предвидува подобрување на процесот на екстерното тестирање и е во насока на зголемување на компетитивноста и подобрување на образовниот процес. Исто така, договорено е и да се формира систем на награди за успшните професори.
Договорот нуди подобрени решенија во насока на валоризирање на трудот на наставниот кадар и нивно стимулирање за постигнување на подобри резултати. Истиот следи по континуиран процес на преговарања меѓу Владата и репрезентативниот синдикат СОНК.
Според информациите, од СОНК и Владата се задоволни од постигнатото решение кое е во интерес на самите ученици и наставници. Дополнително, Владата и СОНК продолжуваат со заедничкиот дијалог за подобрување на условите за работа и излегување во пресрет на реалните потреби во образованието.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа