Се запали турски танкер во Јадранското море
На турскиот танкер за превоз на нафта и хемикалии „Назо С“ избувнал пожар додека пловел во Јадранското Море, соопшти хрватското Министерство за поморски работи.
Пожарот избил вчера во доцните попладневни часови, додека се наоѓал на 55 наутички милји западно од Долгиот Остров, а целиот екипаж е префрлен на бродот „Анамарија“.
Турскиот танкер, долг 91 метар, пловел од Равена кон Црното Море во пристаништето Галати. Причината за избувнување на пожарот се уште не е позната.
Танкерот наменет за превоз на нафта и хемикалии бил без товар, а во пожарот изгорел целиот заден дел на бродот. Во пожарот нема повредени.
ФОТО: Сител