ВМРО-ДПМНЕ: Никој повеќе не верува во гнасниот заговор на Заев со странските служби

 

Зоран Заев продолжи со монтирани и креирани снимки да го спроведува своето сценарио, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

 

Притоа Заев  знаејќи дека нема што да објави, самиот коментира, самиот прави воведи, самиот прави нечесни конструкции и истите тие монтирани снимки  ги става во манипулативен контекст.

Зоран Заев и СДСМ самите веќе го делегитимираа своето сценарио за креирање на нестабилност, лажење на јавноста и насилно превземање на власта. Самиот Зоран Заев призна дека соработувал со странска служба, самиот Зоран Заев призна дека купувал комјутери и автомобили на главниот осомничен Зоран Верушевски, неговите соучесници самите го признаа делото, самата партија СДСМ призна дека ги монтира и ги сецка разговорите кои ги објавува.

Ете затоа никој повеќе, па дури и членовите на СДСМ, не му веруваат на Зоран Заев и неговиот гнасен заговор со странската служба.

Впрочем граѓаните јасно на секој изборен циклус кажуваат кому му веруваат. Тие веруваат во ВМРО-ДПМНЕ, во стотиците проекти кои ги остави зад себе, новите 130.000 работни места, новите фабрики, автопати и регионални патишта, новите училишта, градинки и болници, поддршката за земјоделците, зголемените пензии, плати и социјални помошти.

 

Граѓаните секогаш знаеле да го прочитаат деструктивниот концепт на водење на политика од СДСМ, базиран на лаги, манипулации и монтажи и истиот да го казнат на избори. Така било и досега, така ќе биде и на секои наредни избори, додека СДСМ се занимава со ваква приземна политика спротивна на интересите на граѓаните.

 

 

Оцени ја веста

15.03.2015 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега