Телефонска линија за поплаки на туристите во Охрид

Посебна телефонска линија ќе биде отворена од општина Охрид, за туристите кои престојуваат во градот да може да пријават евентуални проблеми.

„Ќе биде ставена и телефонска линија на која сите туристи ќе можат да пријават одредени проблеми од областа на туризмот. И за каков било проблем врзан со незадоволството на такси-превозот ќе може да се пријави. Службите потоа соодветно ќе ја процесуираат,“ вели раководителот на Општинскиот сектор за туризам и локален економски развој Ѓоко Апостолов за Супер радио.

Во Центарот гостите ќе можат да добијат и информации за на туризмот, за културно-историски знаменитости во градот, како и за одржувањето на тековните манифестации.

најчитано сега