Демонстрантите го нападнаа домот на Ердоган

 

Шест лица се повредени и најмалку осуммина демонстранти се приведени во текот на минатата ноќ  поради демонстрациите во Турција.

До судирите дојде кога полицијата ги спречи учесниците на протесниот марш низ улиците на Мерсин да дојдат до централниот градски плоштад.

Провладиниот весник „Јени шафик“ објави дека „маргиналните групи, кои протестите за паркот Гези од еколошки собир го претворија во улична војна“, се обиделе да ја нападнат куќата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во Анкара.

најчитано сега