Пониски продажни цени на производители на индустриски производи на годишно ниво

 

Продажните цени на производителите на индустриски производи во јануари годинава се повисоки за 0,3 проценти на месечно ниво, а се пониски за 2,3 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Во јануари годинава, во споредба со декември лани продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 3,6 проценти и во „преработувачката индустрија“ за 0,2 проценти, а се пониски во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 1,7 процент. 
Според ДЗС, во јануари годинава, во однос на јануари лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 14,8 проценти и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 5,8 проценти, а се пониски во секторот „преработувачка индустрија“ за 4,2 проценти.

На странските пазари продажните цени на производителите на индустриски производи во јануари се повисоки за 1,2 отсто на месечно ниво, а пониски за 0,4 проценти на годишно ниво.

 

 

Оцени ја веста

13.03.2015 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега