Земјотрес од 5 степени ја стресе Италија
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтер погоди денеска неколку области во северниот дел на Италија.
Потресот се почувствувал околу 12,30 часот по средноевропско време во Милано, Венеција, Торино, Болоња и Фиренца, а епицентарот се наоѓал во Тоскана.
Луѓето во паника излегувале од домовите и работните места.
ФОТО: Нетпрес