Македонската кошаркарска репрезентација ќе си ги одмери силите со Турција

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва од 19 часот ќе игра против домаќинот Турција во натпревар за првото место во групата на Медитеранските игри во Мерсин.

Вечерва избраниците на селекторот Марјан Србиновски ќе се сретнат со главниот фаворит во натпреварувањето, а со евентуална победа Македонија би добила полесен противник во полуфиналната фаза.

Покрај Македонија и Турција, пласман во полуфиналето веќе обезбедија и Србија и Тунис, кои исто така вечерва во меѓусебен дуел ќе решаваат за првото место во другата група.

ФОТО: Нетпрес

Финалето и мечот за третото место ќе се играат на 25 јуни.

најчитано сега