МОН: Воопшто не се сомневаме во сигурноста на софтверот преку кој учениците беа тестирани

 

Излишно е денес да говориме за „пробиени“ тестови по одредени предмети коишто беа дел од екстерното тестирање, кога процесот за утврдување на објективноста на наставниците при оценувањето на учениците, заврши на 19.6.2013 година.

Имено, Министерството за образование и наука во координација со органите во состав и останатите надлежни институции, Државниот испитен центар, Бирото за развој на образование, Центарот за средно стручно образование и Државниот просветен инспекторат, направија анализа на сите тестови коишто изминатите неколку денови беа предмет на дебата и објава во одредени медиуми во обид за сензација, при што е констатирано дека прашањата во истите не се веродостојни ниту по формата, ниту по содржината на оние коишто беа изработени од страна на надлежните институции.

Воопшто не се сомневаме во сигурноста на софтверот преку кој учениците беа тестирани, бидејќи истиот  е изработен врз основа на стандардите за управување со информатичка безбедност.

Дополнително, резултатите од процесот на екстерното тестирање кои ќе бидат објавени следните денови, ќе бидат најголем аргумент и потврда за валидноста и успешноста на целиот процес.

Интегрален текст од реакција на Министерството за образование.

ФОТО: Кирилица

најчитано сега