Германија одбива да и исплати воена отштета на Грција

Германската Влада ги одби грчките побарувања за репарации и отштета за време на Втората светска војна и го одби барањето на грчкиот министер за правда, Никос Параскевопулос, за запленување на германскиот имот во Грција, пренесоа денеска германските медиуми.

-Прашањето за репарација и исплата на отштетата е правно и политички завршено, рече денеска портпаролот на германската Влада Штефен Зајберт, пренесуваат медиумите.

Портпаролот на Министерствот за финансии повтори дека тоа поглавје е правно и политички завршено и дека во моментов нема разговори за таа тема ниту меѓу канцеларот Ангела Меркел и грчкиот премиер, ниту германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле со својот грчки колега Јанис Варуфакис.

Од друга страна, политичарката на опозициската партија Левица, Анете Грот, побара Германија да и исплати на Грција 11 милијарди евра.

-Тоа е морална обврска за Германија да ги исплати парите, дури и ако меѓународно-правно гледано тука постојат различни мислења, рече Грот, а пренесоа германските медиуми.

-Предлогот на грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис јас го сметам за исправен..., рече Грот.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека договорот за репарација со Германија од 1960 година не ги  покри главните барања на Грција, вклучувајќи го и надоместот за уништената инфраструктура, воените злосторства и враќањето на принудниот заем што нацистите го зеле од окупираната Грција, а никогаш не го вратиле.

Ципрас во Парламентот кажа дека Грција ќе ги почитува своите обврски кон кредиторите, вклучувајќи ја и Германија, но дека нема да „се откаже од своите неотповикливи барања за репарации од Втората светска војна“.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега