Британец уапсен во Косово заради педофилија

Косовската полиција во градот Ѓаковица уапсила британски државјанин под сомнение за сексуално малтретирање и злоупореба на две малолетнички во Косово.

Според косовските медиуми станува збор за Антони А.(74) познат како Хамит.

Косовската обивнителка Шпреса Бакија изјавила дека седумдесет и четири годишниот Британец извесно време бил под истрага и оти постојат ЦД-а на кои се гледа како Британецот сексуално малтертира и злоупотребува две 16-годишни Косовки. Според обвинителката Бакија, има непобитни докази дека Британецот Антони А. треба да остане во притвор.

Осомничениот за педофилија Британец во Ѓаковица живее од 2000 година. Се дознава дека тој за истото дело (педофилија) веќе бил осудуван во неговата матична земја.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега